Испечати

Солен ролат

Солен ролат

Состојки

  • 1чаша -200гр млеко
  • 1чаша растопен маргарин
  • 40гр свеж квасец
  • 2 јајца
  • 1лажица сол
  • 2оомл топло млеко за квасецот и 2лажици шеќер
  • 1200гр-1500гр брашно
  • фил
  • 500гр сирење или урда +3јајца
  • 500гр спанаќ +2јајца и 1 шака сирење
  • 500гр млено месо запржено со кромид и зачини

Подготовка

Се замесува тесто со стасаниот квасец, маргаринот, млекото, јајцата и брашно додека се добие средно меко тесто.
Тестото се остава да одмори и да стаса, а потоа се дели на три или четири дела. Од секој дел се сука кора која се мачка со маргарин и се филува со фил по желба, па се витка во ролат и се става во подмачкан плех да стасува. Одкако ќе стаса се премачкува со јаце и се поросува со сусам.
Овие ролати се доста големи и од една доза со комбинирани филови добивате 4 различни ролати. Се пече на вообичаен начин во зависност од рерната и се сече одкако ќе се олади
Ви препорачуваме во подготовката на овој рецепт да употребите Делимано Тава со рачки Ростер