Слатко пециво со цимет
Од состојките за тесто замесете го тестото и оставете го да отстои околу 2 часа.
Додека стасува тестото изматете го путерот со шеќерот и циметот.
На набрашнета површина од стасаното тесто развлечете правоаголна кора.
Премачкајте ја со филот и свиткајте ја во ролат.
Расечете го ролатот во должина на 2 дела, а потоа делот со филот свртете го нагоре.
Двата дела исплетете ги спирално и свиткајте ги во вид на полжав.
Оставете да отстои додека се загрее рерната на 180 степени.
Откако рерната е загреана ставете го пецивото да се пече 30 минути.
За тоа време подгответе го преливот - во тенџере на оган ставете ги шеќерот и водата да провријат 2-3 минути.
Потоа извадете го и премачкајте го убаво со преливот(оставете 1-2 лажици).
Вратете го во рерна и печете уште 10 минути.
Испеченото пециво премачкјате го со остатокот од преливот и оставете убаво да се излади, а потоа послужете.
Лиценца: Сите права се задржани