Слатко од јаготки
Растворете го лимонтусот во водата. Ставајте од исчеистените јаготки во течноста 30на секунди, па потоа редете ги во подлабоко и поголемо тенџере. Ред јаготки, кои ќе ги попрскате со исцеден сок од лимон, па ред шеќер. Завршувате со шеќерот најгоре. Вака спремани се оставаат во фрижидер да одстојат 12-15 часа. Пред варење тенџерето го оставаме половина час на непуштена рингла, па го стартуваме на највисока температура. Кај мене на 6. Кога ќе зоврие пената ќе се крени нагоре. Тргнете го од ринглата да се смири и варете потоа на 4 половина час. Не отпенувајте, не мешајте (ова посебно НЕ), нема потреба- но доколку почувствувате потреба за промешување само протресете го тенџерето. После половина час ставете во чинивче малку од шербетот и оставете 1 мин. да подизлади. Доколку покажува густина на прелив-готово е. Доколку сакате погусто, варете уште 10 мин (не ви препорачувам) Тргнете го садот од оган, отпенете, покријте го со влажна пацета и оставете го 15 мин. Потоа, повторно вретете го на рингла. Подесете ја на најсилно и варете годека не фати 2-3 клуча. Повторно, тргнете го на страна, отпенете и покријте го со влажна пацета. Оставете го така покриено најмалку 6 часа (доколку сте го вареле во тек на денот) или преку ноќ (доколку сте го вареле од вечер)
Наполнете ги тегличките и внимавајте најгоре јагодите да се покриени со шербетот. Оној шербет кој ќе ви остани, соберете го во посебна тегличка. Ќе го употребите за прелив за палачинки, кремови и слични десерти, или пак едноставно можи да си го искористите како сируп за растворање на сок.
Лиценца: Сите права се задржани
Анжелика, пробај го, нема што да се утни. Оној кој сака јаготки сигурно ќе е задоволен. И без лимон и лимонтуси да го правиш, само со шеќер-пак ќе е успешно. Но, сметам дека се додаваат освен за подобрување на вкусот и во некоја смисла за подобро конзервирање, иако трајноста и бојата на ваквото слатко најмнногу зависи од шербетот и количината на шеќер, а киснењето во лимонтус, барем јас така сметам се врши за да се запази обликот на овошјето, во случајот на јаготките.
Викинемаја, бев тргнала да докупам јагоди за мармаладот по рецепт на Албетина, како ми остана уште малку таков шеќер. Како цело време гледав на пазар само огромни, се мислев дека само за гмечење ќе се добри. Но, на изненадување во едно локално продавниче начекав многу ситни и црвени. Веројатно се природно растени. Девојката ми дозволи една по една да си бирам :) Лажицата од носечкото фото е од онаа за кафе, а во последната дополнителна е од тие за чај, уште помала, па спореди колку среќа имав да се ситни :) Е кога сме кај последното фото... и предпоследното, сликани се кога слаткото штотуку се тргна од рингла. Од еднота до другата слика, сликарот ги „смачкал“ јаготките :))))
Слаганаг, со желба сум да откријам рецепт за слатко од цреши, ама да добијам барем приближно онакво како купечкото. Дали ќе се опробам и успеам, се уште не знам, а за вишни, веројатно ќе извади некој во меѓувреме :)
Кате, повеќе како тапанар се осеќав отколку вредна :))) Во ист ден и мармаладот од јаготки го правев и швепсот на Марија, па замисли колку тенџариња и шерпи имав :) ... кога ќе ги комбинираш со дрвените лажици... ;)
Слатково е преубаво, а сликава восхитувачка.
Како би ти дошла сега на гости па да си товарам неколку тегли за Велес ,оти кај нас има само огромни јагоди на пазарот.
Не сум се пробала јас до сега, ама ќе биде :)))