Испечати

Слатко од јаготки

Слатко од јаготки

Состојки

  • 1,5 кг јаготки
  • 1,7 кг шеќер
  • 1 пак. лимонтус
  • 0,5 литри вода
  • 1 голем лимон (или 2 помали)

Подготовка

Растворете го лимонтусот во водата. Ставајте од исчеистените јаготки во течноста 30на секунди, па потоа редете ги во подлабоко и поголемо тенџере. Ред јаготки, кои ќе ги попрскате со исцеден сок од лимон, па ред шеќер. Завршувате со шеќерот најгоре. Вака спремани се оставаат во фрижидер да одстојат 12-15 часа. Пред варење тенџерето го оставаме половина час на непуштена рингла, па го стартуваме на највисока температура. Кај мене на 6. Кога ќе зоврие пената ќе се крени нагоре. Тргнете го од ринглата да се смири и варете потоа на 4 половина час. Не отпенувајте, не мешајте (ова посебно НЕ), нема потреба- но доколку почувствувате потреба за промешување само протресете го тенџерето. После половина час ставете во чинивче малку од шербетот и оставете 1 мин. да подизлади. Доколку покажува густина на прелив-готово е. Доколку сакате погусто, варете уште 10 мин (не ви препорачувам) Тргнете го садот од оган, отпенете, покријте го со влажна пацета и оставете го 15 мин. Потоа, повторно вретете го на рингла. Подесете ја на најсилно и варете годека не фати 2-3 клуча. Повторно, тргнете го на страна, отпенете и покријте го со влажна пацета. Оставете го така покриено најмалку 6 часа (доколку сте го вареле во тек на денот) или преку ноќ (доколку сте го вареле од вечер)
Наполнете ги тегличките и внимавајте најгоре јагодите да се покриени со шербетот. Оној шербет кој ќе ви остани, соберете го во посебна тегличка. Ќе го употребите за прелив за палачинки, кремови и слични десерти, или пак едноставно можи да си го искористите како сируп за растворање на сок.