ЈОГО-Сладолед со јаготки
Исчистените јаготки прекријте ги со шеќер и оставете ги да преноќат.
Другиот ден исцедете го сокот што го пуштиле јагодите и измиксајте ги.
Измиксаните јаготки додајте ги во јогуртот и уште малку миксајте со миксерот да се изедначи смесата, турете го сладоледот во садот во кој ќе се замрзнива и оставете го околу 3-4 часа во замрзнивачот.
Извадете го. Смесата ќе биде полузамрзната. Со миксерот измиксајте ја како би се разбиле кристалите мраз и пак вратете ја во замрзнувач.
Ова повторете го уште еднаш до 2-пати на секои 2-3 часа.
Пред служење извадете го сладоледот од фрижидер и исечете го на коцки бидејки со лажицата за сладолед нема да можете да оформите топче-замрзнат е.
Коцките издробете ги со вилушка и додадете малку млеко и повторно измиксајте го сладоледот. Вака подготвениот сладолед можете да го сервирате со прелив од јагоди или чоколадо, а може и со нарендано чоколадо. Исто така и со друг вкус на сладолед.
Бидејки ова е многу вкусен и освежителен десерт многу често јас на овој начин на подготовка си правам овошен јогурт со тоа што само малку го разладувам во обичниот фрижидер, а со додавање на малку повеќе млеко може да се служи и како милк-шејк...
Обично го комбинирам со ванила и чоколадо -сладолед..