Слатко од мандарини
Изберете ситни свежи мандарини, по можност со приближно еднаква големина.
Измијте ги добро и ставете ги да се варат додека малку не омекнат. Тоа не трае долго... Кората на мандарината е тенка и осетлива, а водете и сметка дека дополнително ќе ги варите и во сируп.
Извадете ги од тенџерето и префрлрте во друг голем сад. Прелејте ги со студена вода и оставете ги 48 часа. За тоа време, десетина пати променете ја водата, секогаш ладна.
Откако ќе отстојат два дена, од 1,5 кг шекер и 500 мл вода сварете сируп кој ке го варите на тивко 5 мин. Спуштете ги во него целите мандарини, откако ќе зоврие повторно, варете 5 мин. Покријте го тенџерето и оставете го да стои 24 часа на собна температура. Повторете ја постапката уште еднаш.
Потоа, ставете го тенџерето на оган, додајте го сокот од лимон и откако содржината ќе зоврие варете на средно тивок оган 1 час додека сирупот не стане густ. Распенете го слаткото, покријте со влажна крпа и оставете го потполно да се олади.
Соберете во тегли.
Можеби ви се чини прекомплицирано, ама не е воопшто. Бара сосема малку ангажман, повеке чекање, а ќе добиете навистина посебно убаво слатко.
Крајно, ако не сакате слатко, секогаш можете да го потрошите за колачиња
Не е ни сезона за овој рецепт, за годинава помина, ама Лиле двапати ме напомена, ај да послушам :)
Лиценца: Сите права се задржани
Jas sum bik vo horoskop, trpeliva sum beskrajno.......
тоа што се сака и се може, најбитна е волјата. со неа се почнува ;)
а кога сме кај рецептите, јас пак, сеедно дали се брзи или комплицирани-најмногу ги сакам да ми се вкусни :)))
Pozdrav:)
мене еднаш ми дадоа тегла со слатко ор портокал каде и кората беше дел од слаткото и мене лично не ми се допадна. ја чувствував кората, онол горчливкаст вкус. дали не беше добро спремено или јас едноставно не сум за такво слатко, не знам :)
мандатината никогаш немала таков горчлив вкус, па најверојатно ќе се најде кај нас на полици ;)
велам најверојатно бидејки многу спремаме, не знам годинава дали ќе се стигне :)
Se nadevam deka si zadovolna, i mnogu fala !!!
Фала ти за убавиот рецепт. Од шербетот се изналижав што остана по ѕидот на тенџерето, а после кога убаво ќе ми се раздени ќе си се почастам и со плодот :)))
Ne sekerlisuva ova slatko, ima mnogu limonska kiselina od plodovite... Samo malku potemnuvaat so stoenje, ama za kolacina i po 2 - 3 godini se mnogu dobri... Isprobano... :))
нив ги зедов од новиот пазар кај пластиката пто се продава на страната кај што се гледа декорпод