Слатко од мандарини
Состојки
- 1 кг Мандарини, одберете најситни, по можност без коски
- 1,5 кг шекер
- 500 мл вода
- 1/2 лимон само сок
Подготовка
Изберете ситни свежи мандарини, по можност со приближно еднаква големина.
Измијте ги добро и ставете ги да се варат додека малку не омекнат. Тоа не трае долго... Кората на мандарината е тенка и осетлива, а водете и сметка дека дополнително ќе ги варите и во сируп.
Извадете ги од тенџерето и префрлрте во друг голем сад. Прелејте ги со студена вода и оставете ги 48 часа. За тоа време, десетина пати променете ја водата, секогаш ладна.
Откако ќе отстојат два дена, од 1,5 кг шекер и 500 мл вода сварете сируп кој ке го варите на тивко 5 мин. Спуштете ги во него целите мандарини, откако ќе зоврие повторно, варете 5 мин. Покријте го тенџерето и оставете го да стои 24 часа на собна температура. Повторете ја постапката уште еднаш.
Потоа, ставете го тенџерето на оган, додајте го сокот од лимон и откако содржината ќе зоврие варете на средно тивок оган 1 час додека сирупот не стане густ. Распенете го слаткото, покријте со влажна крпа и оставете го потполно да се олади.
Соберете во тегли.
Можеби ви се чини прекомплицирано, ама не е воопшто. Бара сосема малку ангажман, повеке чекање, а ќе добиете навистина посебно убаво слатко.
Крајно, ако не сакате слатко, секогаш можете да го потрошите за колачиња
Не е ни сезона за овој рецепт, за годинава помина, ама Лиле двапати ме напомена, ај да послушам :)