Највкусното и најомиленото слатко за мене. Сигурна сум и на многумина од вас.

Подготовка:

1. Смоквите се мијат, се потсекуваат кај рачките, ѓи засекувам во вид на крвче на местото кај рачката.
2. Се ставаат во сад, ги налевам со лимонтус, растворен со малку вода и дополнувам со вода да ги покрива. Така стојат 15 мин..
3. Потоа се започнува со зовривањето во 9 води. Од моментот кога ќе почнат да вријат, се варат 5 мин.
Се истура водата, се плакнат со ладна вода и се повторува постапката 9 пати. Се оставаат убаво да се исцедат.
4. За тоа време се вари густ сируп. Шеќерот се налева со вода колку да го покрие и се вари додека убаво згусти, бидејќи по додавањето на смоквите ќе се разреди од водата што ќе ја пуштат.
5. Се додаваат смоквите и се вари уште околу 40-45 мин., т.е. додека шербетот добие убава густина.
Кога ќе зовријат се додава путерот, тој видно го намалува создавањето на пената и смоквите имаат сјај.
При крај се додаваат ванилите и круговите лимон. Да повари уште 5 мин. и се трга од оган. Се тестира на тацна за густината.
6. Го собирам жешко во жешки тегли.

Малку повеќе работа, ама се исплаќа кога се ужива во неговата конзумација!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани