Кревки тортички со слатко од зелени смокви
Во калап за мафини се ставаат хартиени корпи.До колку се користат силиконски калапи и не мора да се стават. Сега во вангличка се соединуваат јајцата и шеќерот и се матат, смесата убаво да запени.Се исклучува миксерот и постепено се додаваат течните состојки. Се промешува. Се додаваат брашното, пецивото, просеаното какао. Се полнат хартиените корпи до 2/3. Во средината на секој мафин се става по една смоква од слатко. Тешка е и ќе падни скоро до дното.Но сепак убаво се печат. Се печат на 180 степени околу 15-18 минути. За тоа време над пареа се соединуваат павлаката со чоколадото, да се изедначат. Кога смесата е подизладена се мати со миксер и се декорираат мафините
Лиценца: Сите права се задржани