1. Најпрво се мијат убаво смоквите. Се сечат рачките и со игла за плетење се пробушуваат од двата краја. Така приготвените смокви ги ставаме во чист лонец, ги заливаме со ладна вода и ги ставаме на шпорет додека да проврие водата. Водата ја фрламе и ставаме нова вода и пак лонецот го враќаме на шпорет. Оваа постапка ја повторуваме 6 пати.

2. Кога ќе ја фрлиме и последната вода смоквите ги ставаме во ѓерѓев за преостанатата вода од смоквите добро да се исцеди. Се протресуваат смоквите во ѓерѓевот да излези и водата од смоквите.

3. Три килограми шеќер ставаме во лонецот за слатко и го заливаме шеќерот со две чаши вода. Се става лонецот на шпорет да се растопи шеќерот и да почне да вари. Се вари 20 мин. Не мора шербетот да е густ кога ќе ги додадеме смоквите зошто треба и да впијат смоквите од шербетот.

4. Слаткото се вари брзо на силен оган, при што се прави пена која треба да ја собериме. Слаткото е сварено кога на страна ќе ставиме малку шербет да се олади и кога ќе го подигнеме да паѓаат густи капки.

5. Пет минути пред крајот се додава сок од 3 лимона и 3 ванили. Се трга слаткото и го покриваме со влажна крпа и го оставаме да отстои 10мин.

6. По 10 минути слаткото пак го враќаме назад на шпорет да врие уште 10 мин. Го покриваме пак со влажна крпа.Оладено слаткото го редиме во стерилни тегли.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани