Во тава ставете ги овесните снегулки, семките од тиква и сончоглед, сусамот и на среден оган малку потпечете ги со постојано мешање (не да потемнат). Потоа оставете ги да оладат.
Во тенџере ставете ги медот, путерот, шеќерот и ставете ги на оган да зовријат. Нека варат 4-5 минути и тргнете го на страна. Додајте ги семките од тавата, оризовите снегулки и сувото грозје. Измешајте ги и смесата турете ја во мало плехче обложено со хартија за печење. Со влажни раце израмнете ја. Оставете ја да олади и сечите парчина по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани