1. Јајцата и млекото се матат со миксер.
2. Се додава шеќерот и ванила стапчето и се загрева смесата на тивок оган со постојано мешање со жица додека не се згусне (околу 10 мин.)
3. Се оладува смесата и потоа се додава течната слатка павлака и другото стапче ванила или ванилин шеќер и се заедно се мати додека смесата не стане кремаста.
4. Се префрла во апарат за сладолед и се остава да работи негде околу 25 мин.додека смесата не се згусне или пак ако немаме апарат за сладолед тогаш добро се изматува со миксер и се става во пласичен сад па во замрзнувач.
5. По желба во сладоледот може да се додадат и (бадеми,лешници,чоколадо) а ванила
стапчиња можат да се најдат во големите маркети

Сладоледот е многу кремаст и вкусен. Јас понекогаш ставам и чоколадо внатре и доаѓа како страчатела. Рецептот е од самиот апарат и се води како Француски сладолед од ванила...Пробајте :)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови