Фичо ќе ни покаже како да направиме кремаст сладолед од ванила, со чоколадни трошки во него.

Подготовка

Чекор 1: Садот од Апаратот за сладолед ставете го во фрижидер за да биде ладен, најдобро преку ноќ.

Чекор 2: Изматете ги убаво јајцата и млекото да се спојат, префрлете ги во тенџере и додадете ги шеќерот и екстрактот од ванила. На тивок оган матете ја смесата со жица за матење додека да се згусне. Оставете ја смесата да се олади.

Чекор 3: Од како смесата се оладила, додадете ја слатката павлака, уште едно лажиче ванила екстракт и матете додека смесата не стане кремаста. По желба додадете и чоколадни трошки. Префрлете ја смесата во апаратот за сладолед и пуштете го да работи 15-30 минути, или додека да се замрзне и маталките веќе не можат да вртат.

Чекор 4: Готовата смеса оставете ја во замрзнувач 30 минути да се стегне, за да вадите поправилни топчиња. Но, може и директно да ја ставите на корнети и да декорирате.

Чекор 5:Сладоледот го декорираме со дробени лешници и чоколаден прелив.

СОВЕТ: Многу е важно садот од Апаратот за сладолед да биде добро замрзнат, за да може да го направи сладоледот.