Сладолед со ванила
1. Јајцата и млекото се матат со миксер.
2. Се додава шеќерот и ванила стапчето и се загрева смесата на тивок оган со постојано мешање со жица додека не се згусне (околу 10 мин.)
3. Се оладува смесата и потоа се додава течната слатка павлака и другото стапче ванила или ванилин шеќер и се заедно се мати додека смесата не стане кремаста.
4. Се префрла во апарат за сладолед и се остава да работи негде околу 25 мин.додека смесата не се згусне или пак ако немаме апарат за сладолед тогаш добро се изматува со миксер и се става во пласичен сад па во замрзнувач.
5. По желба во сладоледот може да се додадат и (бадеми,лешници,чоколадо) а ванила
стапчиња можат да се најдат во големите маркети
Сладоледот е многу кремаст и вкусен. Јас понекогаш ставам и чоколадо внатре и доаѓа како страчатела. Рецептот е од самиот апарат и се води како Француски сладолед од ванила...Пробајте :)
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
vsusnost slikata kazuva se pozz
Ama ke napravam i ke kazam. Navistina mnogu go bendisav receptot
Е сега за сладоледот. Кој не сака сладолед, мора да не е арен :))) и замисли што ми направи ти сега... ги имам сите потребни состојки во фризот, ама ја имам и мојата мрзичка :) летнав и си купив 2кг од продавниче :) ... сега ти ја гледам сликата и си јадам пред неа :)))
Ние не бараме да не частиш, туку ние да те частиме...уште не сме ги добиле твоите податоци ниту за Делимано калапчињата за колачи, а сега веќе си наградена и со Делимано престилка. http://www.facebook.com/note.php?note_id=359560184091274
За да може да ги добиеш своите награди, те молиме пиши ни ги своите податоци (име, презиме, адреса, телефон) на http://moirecepti.mk/kontakt/ или преку порака на нашата Фејсбук страница.
Те поздравуваме