10
окт
2012
Свинско во тава
1. Месото се сечка на поситни парчиња, компирите се лупат и се сечкаат на коцки.
2. Се меша месото, компирите, зачинот, црн пипер, црвен пипер и сол по вкус во земјана тава. Се додава 250 мл топла вода, убаво се измешува, се покрива со алуминиумска фолија и се пече во рерна 2 часа на 200 степени.
3. Половина час пред да биде сосема готово се вади фолијата и се враќа во рерната половина час да се допече.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови