Испечати

Свинско во тава

Свинско во тава

Состојки

  • 1 кг свинско месо - удина
  • 1 кг компири
  • 250 мл вода
  • по 1 лажица зачин,црвен пипер,црн пипер сол по вкус

Подготовка

1. Месото се сечка на поситни парчиња, компирите се лупат и се сечкаат на коцки.
2. Се меша месото, компирите, зачинот, црн пипер, црвен пипер и сол по вкус во земјана тава. Се додава 250 мл топла вода, убаво се измешува, се покрива со алуминиумска фолија и се пече во рерна 2 часа на 200 степени.
3. Половина час пред да биде сосема готово се вади фолијата и се враќа во рерната половина час да се допече.