24
фев
2014
Светкави англиски колачи
Први колачиња со Делимано калапчиња.
Најубави се ако отстојат најмалку еден ден во лимена кутија за колачи, а ако отстојат повеќе денови уште поубави...Кај нас не остануваат...ако не ги скријам негде...по кујната...А кога ќе ги извадам воодушевување по дома, ем меки, ем светкави, ем слатки.
Од сите состојки со рака го замесуваме тестото. Тестото се расукува со дебелина од околу 5-7 мм. Со калапчиња се сечат фигури кои се ставаат во неподмачкано тавче и се печат на температура од 200 степени, по можност во загреана ререна. Пред печењето посипете ги со кристал шеќер.
Лиценца: Сите права се задржани