Испечати

Светкави англиски колачи

Светкави англиски колачи

Состојки

  • 50 гр сечкани ореви
  • 50 гр сечкана чоколада
  • 50 гр сечкано суво грозје
  • 50 гр сечкана брусница
  • 5-6 сечкани суви кајсии
  • 1 рамна лажичка пециво
  • 90 гр шеќер
  • 230 гр брашно
  • 125 гр путер

Подготовка

Први колачиња со Делимано калапчиња.
Најубави се ако отстојат најмалку еден ден во лимена кутија за колачи, а ако отстојат повеќе денови уште поубави...Кај нас не остануваат...ако не ги скријам негде...по кујната...А кога ќе ги извадам воодушевување по дома, ем меки, ем светкави, ем слатки.

Од сите состојки со рака го замесуваме тестото. Тестото се расукува со дебелина од околу 5-7 мм. Со калапчиња се сечат фигури кои се ставаат во неподмачкано тавче и се печат на температура од 200 степени, по можност во загреана ререна. Пред печењето посипете ги со кристал шеќер.