30
јун
2014
Салата со авокадо
Подготовката на рецептов е брза, лесна, едноставна. Најпрво сварете ги јајцата и исечкајте ги на покрупни парчиња. Авокадото исечете го на половина и извадете му ја семката. Потоа извадете го плодот од корупката. Ставете го во посебна чинија и додадете ги исечканите јајца. Зачинете и додадете сок од лимон. Измешајте ги заедно. Потоа додадете го киселото млеко. Промешајте го да се соедини. Сервирајте во корупката од авокадото.
На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
P.S. kako bi ja probala salatava sega pa ne si ni svesna !!!
Ни два дена не поминаа,јас разбуричкав да видам со што располагам за готвење... хахахха.