Салата со авокадо
Состојки
- 2 авокадо
- 4 варени јајца
- 1/2 лимон (сок од лимон)
- 2 лажици кисело млеко
Подготовка
Подготовката на рецептов е брза, лесна, едноставна. Најпрво сварете ги јајцата и исечкајте ги на покрупни парчиња. Авокадото исечете го на половина и извадете му ја семката. Потоа извадете го плодот од корупката. Ставете го во посебна чинија и додадете ги исечканите јајца. Зачинете и додадете сок од лимон. Измешајте ги заедно. Потоа додадете го киселото млеко. Промешајте го да се соедини. Сервирајте во корупката од авокадото.
На здравје.