
23
мај
2013
Салата од црн патлиџан
Патлиџаните исечете ги на кругови дебели околу 1,5 цм и наредете ги во плехче обложено со хартија. Попрскајте ги со маслиново масло и ставете ги да се потпечат во загреана рерна на 200 степени околу 20 мин. Потоа оставете ги да оладат.
Јајцата и ротквиците исечете ги на тенки плочки, а кромидот ситно исецкајте го.
На поголема чинија прво наредете ги патлиџаните и посолете ги. Потоа јајцата, ротквиците, кромидот и магдоносот. Додајте сол по вкус, сокот од лимон, попрскајте ја маслиново масло и послужете ја.
Лиценца: Сите права се задржани