
16
дек
2014
Салата (намаз) со модар патлиџан
Лукот истолчете го со сол додека да стане како паста. Потоа додадете ги оревите и продолжете со толчење. На крај додадете го модриот патлиџан. По желба може да оставите и покрупни парчиња од оревите и патлиџанот. На крај ставете го маслиновото масло, бибер по вкус и павлаката, па промешајте додека салатата да се изедначи.
Побрз начин на припрема е сите состојки да ги ставите во блендер, па ќе добиете убав намаз.
Салатата (намазот) ќе биде повкусен ако модриот патлиџан е печен на дрва.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови