Намаз од модар патлиџан
Додека да стигнам до рецептот од мајката на една моја пријателка, чија салата, паштета, намаз, како сакате наречете ја од модар патлиџан ме „обори с ногу“ и ме натера да го вметнам овој личен до сега само за мене зеленчук барем вака пасиран и мелен, јас во својот тефтер си го најдов овој рецепт во меѓувреме, намерно прескокнуван до сега. „Модрите“ беа подарок, мораше да се искористат овој пат на ваков начин. Ни/ми се допадна, но јас се уште желба носам за рецептот од пријателката... до тогаш, еве како одеше припремата на мој начин, што помрзливо и полесно )))
Патлиџаните испечете ги, оставете малку да подоладат и излупете ги.
Потоа се се работи во сецко. Почнувајќи од патлиџаните, па сите состојки по ред.
Во зависност од тоа колку е солена урдата се додава сол по потреба, а бибер по вкус.
Секако дека и состојките можат да варираат во зависност едни од други... на пример, урдата ако е поводеста, можи да се зголемат мелените ореви и слично. Во ист контекст се додава на самиот крај и маслото. Маслото го прави намазот да ја добие таа убава кремаста структура. Модрите патлиџани знаат убаво да го впијат, па додавајте постапно и пробувајте додека ве задоволи вкусот и кремастиот изглед.
Соодносот на состојките можи лесно да се прилагодува спрема вкусот на конзументите, одземајќи и додавајќи на грамажата.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Salatava ja zamisluvam vo kombinacija so izvrtenoto pecivo tvoe....mmmm...milina :-)