Имав уште некој модар патлиџан, па како ли да ги искористам, мислата ми беше таа и еве како
- Модриот патлиџан исечете го на коцки, ставете во вода со сол и нека одстојат 2-3 часа. Извадете ги, оставете да се исцедат. Во тавка ставете зејтин и испржете го. Извадете ги на салфета да се впие вишетокот од зејтинот доколку таков го има.
- Исецкајте го црвениот патлиџан, додадете во него сецкани лукот и оревите, додадете на вкус сол и црн мелен бибер, додадете модриот патлиџан - мајонез, измешајте.

Совет
Мајонезот прилагодете си го спрема вкусот - како и солта и биберот.
Овде можете да ставите млад кромид само белиот дел, но јас го изоставувам, за сметка на него - додавам подпечен сусам.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани