7
јул
2014
Салата од грав со печени пиперки
Зрната варен грав ги ставаме по подлабок сад. На пиперките им ги вадиме лушпите, семките и дршките. Во дрвен сад заедно сосолта го толчиме лукот. Ги додаваме и пиперките и нив ги толчиме заедно со лукот. Ги мешаме заедно со гравот. Во тава на оган го загреваме маслото и го полеваме гравот со врелото масло. Може да си додадете и суво нане.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови