Испечати

Салата од грав со печени пиперки

Салата од грав со печени пиперки

Состојки

  • 300гр зрна варен грав
  • 3-4 печени црвени пиперки (може и суви везени)
  • 2 чешниња лук
  • 1 лажиче сол, црн бибер и масло за јадење

Подготовка

Зрната варен грав ги ставаме по подлабок сад. На пиперките им ги вадиме лушпите, семките и дршките. Во дрвен сад заедно сосолта го толчиме лукот. Ги додаваме и пиперките и нив ги толчиме заедно со лукот. Ги мешаме заедно со гравот. Во тава на оган го загреваме маслото и го полеваме гравот со врелото масло. Може да си додадете и суво нане.