Роловани црни домати
Црните домати ги сечиме надолжно на танки парчиња, ги посолуваме и оставаме 2 саати да отстојат - да излезе горчливиот дел преку сокот, ги премачкуваме со масло од двете страни, додаваме мешан сув зачин и ги печиме на скара. Се оставаат во сад со поклопец.
За премаз го користиме лукчето, да пропржи некоја секунда на масло се додава сечкан магдоносот, презлата и после и доматата да си добие на густина смесата, се крчка на потивко. Секој лист од црн домат се премачкува со сосот, се роси од пармезанот, после по 1 парче кашкавал - уште топло се рола, така се до последниот лист. Најгоре се роси пармезан се конзумира со додатоци по вкус
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Ubavo,vkusno.......