Роловани црни домати
Состојки
- се што е потребно...
- 2 парчиња црни домати(модри патлиџани)
- 1 киска магдонос
- 250мл. домата од шише
- 4-5 парченца сечкан лук
- 12-тина парчиња кашкавал
- 30гр. пармезан
- 2 лајци презла, масло, мешан сув зачин
Подготовка
Црните домати ги сечиме надолжно на танки парчиња, ги посолуваме и оставаме 2 саати да отстојат - да излезе горчливиот дел преку сокот, ги премачкуваме со масло од двете страни, додаваме мешан сув зачин и ги печиме на скара. Се оставаат во сад со поклопец.
За премаз го користиме лукчето, да пропржи некоја секунда на масло се додава сечкан магдоносот, презлата и после и доматата да си добие на густина смесата, се крчка на потивко. Секој лист од црн домат се премачкува со сосот, се роси од пармезанот, после по 1 парче кашкавал - уште топло се рола, така се до последниот лист. Најгоре се роси пармезан се конзумира со додатоци по вкус