Ролнички со шунка и фета
Многу вкусни, многу меки....Топло ви ги препорачувам....
Од сите наведени состојки за тесто, освен маргаринот, се замесува средно-меко тесто. Квасецот се активира дирекно во брашното. Минерална вода се додава по потреба за замесување на тестото. Се остава да одмори тестото некои 15 мин. премачкано со масло и покриено со најлонска фолија.
Потоа се отвора правоаголна кора, и на 1/3 од кората се ренда 1/3 од маргаринот, кој претходно стоел во фрижидер или уште подобро во комора за замрзнување. Се предиплува на три пати, од десно кон лево- 1/3, па уште 1/3 и се завршува врз третината со маргарин. Добиениот правоаголник, се предиплува уште неколку пати, додека се добие мал правоаголник. Се става во комора 20-30 мин.
Постапката се повторува уште 2 пати.
Четвртиот пат (се пресекува една половина од тестото, а другата останува во комората) се отвора правоаголна кора и се сечат правоаголничиња. Им се става круг од шунката и парче фета, па се ролова. Се редат во намрсен плех. Се премачкуваат со подготвените жолчки и се оставаат да киснат, некои 20-30 мин., зависно од температурата во просторијата. Се прават и ролничките од другата половина на тестото, во втор плех.(Овие ќе киснат, додека се печат првите.)
Се печат во загреана рерна, 10 мин. на 220 и 10 мин. на 200Ц. степени.
По печење се завиткуваат во памучна крпа и најлон.
Лиценца: Сите права се задржани
Она опла, претпоставувате, треба да биде топла...
И за жолчките, наѓомити пишував, ама нема...се разматуваат со 1 лажица масло и 1 лажица млеко-за премачкување... :-)