Ролат со мармалад и шлаг
Загрејте ја рерната на 200 степени.
На плехот од рерна или помал ставете хартија за печење.
Белките одделете ги од жолчките. Белките изматете ги со прстофат сол во мек снег, додајте го шеќерот и матете додека добиете цврст снег од белки. Додајте ги жолчките, матете уште малку. Додајте ги брашното, пецивото, маслото и млекото, измешајте со лажица да се соедини. Смесата ставете ја во плехот на хартијата, израмнете и ставете да се пече.
Печете 15 мин. додека се испече.
Извадете го пандишпанот и завиткајте го во ролат. Оставете го да се олади. Одвиткајте го и рамномерно намачкајте го мармаладот.
Изматете ја шлаг пената со потребната количина на млеко или вода во цврста крем.
Намачкајте го рамномерно шлагот над мармаладот.
Завиткајте ролат со помош на хартијата и оставете во фрижидер 30 мин. или преку ноќ. Сечете парчиња по желба, дебели околу 1-1,5 см.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Бојата е од домашните јајца :D
Брз и вкусен ролат. :))