Ролат од мелено месо и палачинка
Пригоден ролат и за слави - ништо помалку вреден да се спрема и за дома како прилог.
Најпрво вклучете ја рерната на 200 степени.
ФИЛ
- Измешајте заедно исечканите сувомеснато, кашкавалот, морковот, вареното јајце, додадете го живото јајце, измешајте. Ова е веќе филот и оставете настрана.
МЕСНАТАТА КОРА
- Во меленото месо се додава сецканиот кромид, лукот, 2 јајца и двете кришки леб кој предходно се натопени во вода, додадете ги зачините, измешајте, нека одстои малку. Потоа ставете на најлон фолија местото, покријте го исто така со фолија, расукајте кора која ќе е во димензија на плекчето 30 х 20 см.
ПАЛАЧИНКА
- Земете тавче со димензии 30х20 см. и ставете во него еден мал филџан зејтин. Ставете го во рерната да се грее зејтинот.
- Со миксер изматете ги јајцата со солта, додадете брашното и сирењето, измешајте. Излијте ја добиената смеса во тавчето и печете 3 минути. Извадете ја на хартија за печење и заролајте ја. Оставете да се лади.
Оформување
- На веке расуканата кора од меленото месо поставете ја палачинката, врз неа ставете го филот и со помош на фолијата замотајте во малку поцврст ролат. Извадете го ролатот и ставете го во тавчето во кое што се печеше палачинката.
- Загрејте 1 филџан зејтин, посипете врз ролатот, ова за да не пука додека се пече. Намалете ја температурата на рерната на 180 степени и нека се пече околу 30 мин.
Кога ќе биде лесно зацрвенет извадете го, оставете да олади и сечете.
Совет
- Од оваа количина излегува поголем ролат, слободно намалете количините доколку сакате да биде помал ролатот.
- За сукање на кората од месо јас се користам со најлон кеса, го ставам месото во кесата и тогаш сукам, ја расекувам потоа кесата на едната долга страна и широката, така ја отварам кесата и продолжувам понатаму да го дооформувам ролатот како што погоре е напишано.
Лиценца: Сите права се задржани