Подготовка:

1. Бисквитите се мешаат со истопениот маргарин, да се изедначи смесата. Така готова смеса ја редиме на подлога во калап за колачи. Мојот е бр 20. Потоа во фрижидер да се стегне, 1 час.
2. Слатката павлака ја матиме во цврст снег со 50 гр од шеќерот во прав. Потоа ги додаваме сите останати состојки за кремот. Мешаме лесно и полека со лажица.
3. Готовиот крем го нанесуваме врз подлогата и тортата ја враќаме во фрижидер.
4. За ганашот слатката павлака ја загреваме до пред вриење, но не смее да ни зоврие. Внатре го кршиме чоколадото. Мешаме да ни се изедначи смесата, па ја тргаме на страна да се излади околу 1 час, и со самото тоа да згусне.
5. Ганашот го преливаме врз кремот и декорираме по желба. Потоа враќаме во фрижидер барем уште еден час пред послужување. Препорачливо е да остане непресечена преку ноќ.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови