Чискејк Заробено срце
Бисквитите сомелете ги. Путерот растопете го и со него прелијте ги бисквитите. Вака измешаната смеса од бисквити и путер распоредете ја во четвртаст калап и убаво измазнете ја. Претходно калапот обложете го со хартија за печење или премачкајте го дополнително со путер. Ставете ја кората во фрижидер околу 30 минути да се стегне.
За тоа време со миксер изматете го несоленото крем сирење заедно со шеќерот. Желатинот изматете го со ладна вода, а потоа ставете го на огин малку да се згусне со постепено мешање. Оставете го во фрижидер убаво да се стегне. Со желето измешајте го претходно изматеното сирење додека не добиете хомогена смеса. Подготвениот фил прелијте го врз кората.
Јагодите засечете ги во средината во форма на латинична буква В за да добиете форми на срциња. Вака направените срциња од јагоди распоредете ги врз филот од сирење. Оставете го калапот во фрижидер покриен со фолија да се стегне уште 2 часа.
Желето за торти со вкус на јагода се подготвува со претходно мешање заедно со шеќерот во ладна вода, а потоа се полива со зовриена вода и се остава уште малку да поврие на загрена рингла со постојано мешање. Оставете го околу 5 минути да се олади и потоа со него прелијте го колачот за да ги залиете јагодите и филот. Оставете да се лади уште 1 час. Пресечете го на коцки така што во средина да биде срцето од јагода. Послужете го ладно. Добар апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Сликата е особено убаво, баш за заљубени :)