Колачиња - Заробено срце
Брзи, лесни за правење и вкусни за јадење, направени на мој начин. Пробајте ги...
1. Замесуваме мазно, нелепливо тесто од сите наведени состојки. Добиеното тесто го расукуваме помеѓу два листа мрсна хартија со помош на оклагија. Со калапче во форма на срце ги вадиме колачињата. Секое колаче го редиме во плех, врз кој имаме ставено хартија за печење.
2. Им правиме вдлабнатина (видете додатна слика) и на тоа место ставаме по пола лажиче домашен мармалад од шипки (или било каков и да имате) Од останатото тесто ја правиме декорацијата. Печеме во загреана рерна на 180 степени до благо заруменување, околу 15-10 минути. Нека оладат, па ставаме шеќер во прав.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани