10
јан
2021
Роденденски млечни бомбици со крем и чоколадо
Превкусни и едноставни бомбици кои за секој роденден ги обликувам во различен облик.
Пандишпан-
1. Се матат јајцата заедно со шеќерот. Се додаваат останатите состојки и се пече во округла тава бр.28. Се пече на 200С-25мин. Се оладува тестото.
2. Тестото се дроби на ситни парчиња. Во него се додава еурокремот и млекото и се меси да се добие хомогена смеса која може да се обликува.
3. Се прават бомбици кои се ставаат 30мин во фрижидер и потоа се глазираат. Вкусни, брзи и интересни за детски родендени или други прослави.
Лиценца: Сите права се задржани