Вкусна декоративна салата која може да се спрема на два начина.

ПРВ НАЧИН БЕЗ КОНЗЕРВАНС
1. Пиперките се сечат на ленти, се става шеќерот, солта, зејтинот и 700 мл. 6% алкохолен оцет, се мешаат да се соединат состојките и се остава да стои околу 2-3 часа.
2. Се полнат теглите и се прелеваат со течноста која за време на стоењето се добива од зеленчукот.
3. Се затвараат теглите, се стават да се пастеризираат онолку време колку што е потребно да се затворат капаците.

ВТОР НАЧИН СО КОНЗЕРВАНС
1. Пиперките се сечат на ленти, се става шекерот и солта, се мешаат да се соединат состојките и се остава да пренокат.
2. Наредниот ден се сечкат на ленти краставиците и морковот.
3. Се цедат пиперките и се додаваат кон исецканите краставички и морков.
4. Во течноста од пиперките се додава 700 мл. 6% алкохолен оцет, зејтинот и 1 конзерванс, се става да проврие, се попарува зеленчукот. Се остава да олади и се собира во теглите - потоа нормално - се става на полиците во подрумот.

Вие изберете на кој начин ке сакате да ја приготвите оваа салата. Јас предпочитам без конзерванс.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани