Пченкарник
Мериме со исто филџанче.
Оргиналниот рецепт вели дека треба сите состојки да се измесат со рака.
Јас не направив така, ги измиксирав прво јајцата.
Потоа додадов масло и јогурт, па потоа пецивото помешано со брашното.
Го исклучив миксерот и промешував со маталката додека го додавав царевното брашно.
Зачинуваме и додаваме ленено семе.
Оваа смеса ја полеав во намастена тава и оставив да се пече околу 20 минути на потивок оган. Пробуваме со чепкалка дали е печено во средишниот дел.
Кога е печено го вадиме од рерна и покриваме со крпа да постои 5 минути, па го сечеме на коцкички.
Овој пченкарник јас го користам за појадок или во случај кога немам доволно леб дома.
Добар е и за ужинка за децата во училиште.Уште едно јогуртче и појадокот е спремен. На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови