
15
окт
2016
Кумановски мумурузник – пченкарник
Мумуруз на кумановски дијалект е пченка, а пченкарников е со праз, е па од таму и името. Набавете си и јогурт доколку решите да го направите
Подготовка
Празот ситно го сечкаме и го пропржуваме на малку масло. Го оставаме малку да подолади. Сувите состојки ги промешуваме па ги додаваме маслото, јогуртот и павлаката. Го додаваме и празот. Јајцата ги матиме со миксер па ги додаваме во останатите состојки кои сме ги ставиле во еден сад. Целата смеса станува густа и ја распоредуваме во намрсено и набрашнето тавче.
Забелешка
Го печев во Делиција ростер тавата, а вие одлучете во која големина тавче ќе го печете.