Измијте ги убаво руколата, марулата и младото кромидче.( Јас ги оставам да одстојат потопени во вода со 1 лажичка сода бикарбона барем 10 минути за да се одстранат делумно пестицидите од зеленчукот, бидејќи кај нас веќе се е прскано). Исечете ги потоа на ситни парчиња, додадете ги и исечените ротквици и исечените сварени јајца.
Подгответе го преливот. Измешајте ги сите горенаведени состојки и прелијте ја салатата со истиот. Ставете ги на крај маслинките и послужете ја како предјадење. Пријатен апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови