Испечати

Пролетна салата со прелив (Француски дресинг)

Пролетна салата со прелив (Француски дресинг)

Состојки

  • 1 парче зелена салата
  • 1 китка рукола
  • 3,4 ротквици
  • 3 варени јајца
  • 2 млади кромидчиња
  • 150гр маслинки каламата
  • За Франциски дресинг (прелив)
  • 1 лажица сенф
  • 1 лажичка мед
  • 1/ 2лажичка сол
  • на врв на лажиче босилок свеж или сув
  • на врв на лажиче рузмарин свеж или сув
  • на врв на лажиче оригано
  • 1 лажица вински оцет или лимон
  • 2 лажици балзамиран оцет
  • 50 мл вода
  • 2 лажици маслиново масло ладно цедено
  • 1 лажица масло од сусам или семки од тиква
  • 1/2 лажиче био зачин
  • малку бибер

Подготовка

Измијте ги убаво руколата, марулата и младото кромидче.( Јас ги оставам да одстојат потопени во вода со 1 лажичка сода бикарбона барем 10 минути за да се одстранат делумно пестицидите од зеленчукот, бидејќи кај нас веќе се е прскано). Исечете ги потоа на ситни парчиња, додадете ги и исечените ротквици и исечените сварени јајца.
Подгответе го преливот. Измешајте ги сите горенаведени состојки и прелијте ја салатата со истиот. Ставете ги на крај маслинките и послужете ја како предјадење. Пријатен апетит!