16
мај
2020
Фелд салата со дресинг
Фелд салатата измијте ја и оставете ја на кујнска хартија да се исцеди.
Расчепкајте ја малку да се раскинат ливчињата.Измијте ги добро овошките и исецкајте ги на ковки. Јас јаболкото го исецкав на коцки,а праските по должина.
Краставицата излупете ја ( ако е млада и не мора )па исецкајте ја на парчиња.Додајте ги оревите и благо промешајте.
За дресинг употребив мешавина од мед,масло, сенф и сок од лимон.
Сето тоа го промешав добро да се соедини убаво смесата па ја потурив салатата.
Нека ви е слатко.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови