1. Јаболката ги лупиме и ги рендаме на поедрата страна од рендето, истото го правиме и со бананите. Во садот со ренданите јаболка и банани го додаваме шеќерот и мешаме со лажица.
2. Потоа ги додаваме и мелените бисквити и ореви и мешаме со лажица се додека не добиеме хомогена смеса.
3. Во тенџере на оган го подготвуваме пудингот според упатството од кесичката и го оставаме малку да се олади.
4. Во меѓувреме, дното на правоаголен сад го обложуваме со бисквити и врз нив го нанесуваме претходно подготвениот фил.
5. Врз филот нанесуваме нов ред бисквити, а врз нив го нанесуваме подготвениот пудинг.
6. И на крај подготвениот колач го ставаме во фрижидер малку да се стегне.

Бон апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови