Прокељ и морков во кремаст сос
Ова е многу слична по вкус, но поскратена и побрза верзија на Прокељ кремисимо специјалитет, па не бара многу трошење време, ниту друг додаток додека се јади и можи да биди слободно коплетен оброк без леб и убаво да ве најади.
Сварете ја коцката за супа. Кога водата ќе проврие ставете го изчистениот прокељ да се вари најмногу 10 мин. Извадете го со решеткаста лажица и ставете го исчистениот и на парчиња исечен морков да вари околу 13на мин. па извадете го.
Во тавче на малку маслиново масло испржете го ситно сецканиот кромид, да стани стаклест. Додадете ги прокељот и морковите и пржете со постојано мешање уште 5 минути.
Потоа додадете ја павлаката и триаголниците топено сирење.
Додавајте од зачините и посолете. Раководете се по вкус.
Откако сирењето ке се растопи и содржината се малку се подзгусти, тргнете од шпорет – готово!
Лиценца: Сите права се задржани
Албетина, ни моите дома овој пат не сакаа ни да пробаат, иако имаат јадено, па како дозата не е многу голема и е доволна и за двајца со солиден апетит или пола од оваа ;) Кај мене се погоди откако јадов да треба да одам кај другар фризер за стрижење и другиот дел му го спаковав нему:) Го бендиса многу и побара рецепт :)
Невенче, секој совет е добредојден. Обично сакам се пократко и да забушотам кога правам нешто и да не ми одзема време, ама овој пат вкусот на морковот го сакав својствен. Некако прокељот ми изгледа дека ќе се наметнеше со својата арома и врз морковите... не дека во случаи кога ќе ми се брза и мрзи нема да го применам и твојот предлог ;)