Прокељ и морков во кремаст сос
Состојки
- 400 гр прокељ
- 300 гр моркови
- 1 мала главица кромид (кој не сака, не мора)
- 200 мл павлака за готвење
- 3 парчиња топено сирење
- 1 лажиче дресинг за салата од масло, киселина и зачини
- 1 лажица сос од сенф
- 1 коцка за супа
- малку црн бибер, босилек, мушкатно оревче, мешан сув зачин и сол
Подготовка
Ова е многу слична по вкус, но поскратена и побрза верзија на Прокељ кремисимо специјалитет, па не бара многу трошење време, ниту друг додаток додека се јади и можи да биди слободно коплетен оброк без леб и убаво да ве најади.
Сварете ја коцката за супа. Кога водата ќе проврие ставете го изчистениот прокељ да се вари најмногу 10 мин. Извадете го со решеткаста лажица и ставете го исчистениот и на парчиња исечен морков да вари околу 13на мин. па извадете го.
Во тавче на малку маслиново масло испржете го ситно сецканиот кромид, да стани стаклест. Додадете ги прокељот и морковите и пржете со постојано мешање уште 5 минути.
Потоа додадете ја павлаката и триаголниците топено сирење.
Додавајте од зачините и посолете. Раководете се по вкус.
Откако сирењето ке се растопи и содржината се малку се подзгусти, тргнете од шпорет – готово!