Пита со прокељ
Прокељот убаво измијте ги и исчистете го од горните ливчиња, па обарете го во послолена вода 5-8 минути. Исто така обрете ги и морковите и компирот.
Испасирајте го компирот и во него додадете ги разматените јајца, киселата павлака и пармезанот. Посолете и зачинете и додадете го маслото.
Исечкајте ги морковите и заедно со прокељот додадете ги на смесата.
Лиснатото тесто развлечете го во големина на тавата во која ќе печите (26) и избоцкајте го со вилушка.
Од јајцата предходно издвојте 1 лажица и со неа премачкајте ја внатрешноста на лиснатото тесто, па наредете ги парчињата печеница.
Врз нив истурете ја припремената смеса и печете во загреана рерна од 200 степени 10 -15 мин.
Извадете ја тавата и ставете го одозгора кашкавалот и допечете додека убаво не се растопи.
Лиценца: Сите права се задржани
Мајушка, хаха па ти знаеш колку трагав за него дури и Скопје те малтретирав :))) и срце јуначко ете, не издржа... мораше и вака да се види, која е тајната на прокењот што толку ме привлече хаха.. јас со зеленчук и овошје не сум баш нај нај... повеќе на млечни производи ме влечи :)))
Ти благодарам за убавата слика Невена, поздравче! :)
Odi vidi mene "kako mi ispadna":))))