
22
окт
2014
Пржена сланина со суви зачини
Едноставно испржена сланина, која во комбинација со повеќе суви зачини има преубав вкус.
Лентите сланина премачкајте ги со сенф, посолете и наросете црн бибер.
Во нелеплива тава ставете ја сланината, одозгора нанесете ја мешавината од суви зачини, сецканото лукче и исцепканите листови жалфија.
Пржете ја само во мрснотијата која ја пушта сланината, без дополнително додавање на масло.
Послужете со пире и свежа салата.
Лиценца: Сите права се задржани