22
ное
2014
Пица со пржена димена сланина
Загрејте ја рерната на 180 степени.
Од тестото за пица или од вашето омилено тесто формирајте пица и ставете го врз намастената тава за печење. Печете го само тестото околу 15 минути или додека не зарумени.
Во меѓувреме сланината исечкајте ја на ситни парченца и попржете додека не добие убава румена боја.
Јајцето разматете го и со него премачкајте го испеченото тесто за пица, врз јајцето додајте ги изренданиот кашкавал и испржената сланина. Наростете малку од сусамот по краевите на пицата и ставете повторно да се печи додека не се растопи кашкавалот.
Послужете со павлака.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани