Испечати

Пица со пржена димена сланина

Пица со пржена димена сланина

Состојки

  • 250гр. тесто за пица или вашето омилено тесто
  • 200гр. пропржена димена сланина
  • 1 јајце
  • 100гр. кашкавал
  • попотреба сусам
  • попотреба масло за јадење

Подготовка

Загрејте ја рерната на 180 степени.
Од тестото за пица или од вашето омилено тесто формирајте пица и ставете го врз намастената тава за печење. Печете го само тестото околу 15 минути или додека не зарумени.
Во меѓувреме сланината исечкајте ја на ситни парченца и попржете додека не добие убава румена боја.
Јајцето разматете го и со него премачкајте го испеченото тесто за пица, врз јајцето додајте ги изренданиот кашкавал и испржената сланина. Наростете малку од сусамот по краевите на пицата и ставете повторно да се печи додека не се растопи кашкавалот.
Послужете со павлака.
На здравје!