Испечати

Пржена сланина со суви зачини

Пржена сланина со суви зачини

Состојки

  • 250гр. свежа сланина
  • 3 чешниња лук
  • 1 лажичка сенф
  • 6 ливчиња свежа жалфија
  • 1 лажичка мешавина од суви зачини(рузмарин, мајчина душица, мајоран, босилек, оригано
  • по потреба сол, црн бибер

Подготовка

Едноставно испржена сланина, која во комбинација со повеќе суви зачини има преубав вкус.

Лентите сланина премачкајте ги со сенф, посолете и наросете црн бибер.
Во нелеплива тава ставете ја сланината, одозгора нанесете ја мешавината од суви зачини, сецканото лукче и исцепканите листови жалфија.
Пржете ја само во мрснотијата која ја пушта сланината, без дополнително додавање на масло.

Послужете со пире и свежа салата.