Полнето пилешко во лиснато тесто
Оваа рецепт е од Куварот на Џ.Оливер (Весна- фала за куварот) која често ја спремам и е одлична, месото е меко и сочно и е одличен рецепт да го подготвите во некоја специјална прилика.
Печурките ги сецкате на ситни парчиња, лукчето го стегате со алатка и заедно ги запржувате на масло убаво да ја пуштат течноста и малку да заруменат, го додавате ситно исецканиот целер.
Земате едно парче бело месо го засекувате со нож да направите џеб, го посолувате и побиберувате (на ист начин ги спремате и другите парчиња. Секое од месото го полните во џебот со смесата од печурки.
Лиснатото тесто го поодмрзнувате и со оклагија го развлекувате во должина и го сечите на ленти. Масата побрачнете ја за да не ви се залепи тестото. Секое парче од месото обвиткајте го скалесто со лентата од лиснато тесто (види слика) и наредете ги во подмачкано тавче. Премачкајте ги со изматено јајце одозгора и печете 45 мин на 200С.
Во меѓувреме спремете го сосот. Во тенчерче ставете го виното да зоврие и додадете го сенфот, нека се вари на средна температура да излезе мирисот на алкохол (течноста ќе се редуцира) па на крај додадете ја павлаката и убаво измешајте да добиете бледо жолт прелив.
Послужете со салата и крцкави компирчиња.
Добар апетит
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Да Соња во право си недостига зеленило,ама често ова јадење го комбирирам со салата од брокула која ќе заборавив да ја сликам, али во следна прилика ке ја постирам оваа салата која е брза и многу убава ( јас брокулата само во таква верзија ја јадам :-))
Инаку погоре како што кажав овој кувар ми е поклон (од AUS) и тука незнам каде може да се набави.
I da dodadam na diskusijata okolu knigite za gotvenje... Site, ama bas site knigi za gotvenje se dostapni na ABE Books i na Amazon, moze da se plaka so nasi karticki i se dostavuvaat na adresa bez carinenje.
Receptot mnogu mi se dopadna,sostavot,podgotovkata a i krajniot rezultat odlicen rucek:)
Ќе те замолме да ни ја испратиш оваа фотографија без ефектите на рамката за да можеме да ја замениме. Доволен е само потписот на фотографиите. Сепак главното внимание треба да биде на самиот проготвен рецепт.
Поздрав и имај убав ден :)
Fala vi na site